Нашата приказна

За нас

Интелигенција што се вклопува во вашиот живот

ХОМАТИКА е IoT компанија основана со јасна визија да ги направи паметните технологии достапни, функционални и применливи во различни типови објекти — од станбени и деловни простори до индустриски капацитети. Водени од принципот дека технологијата треба да се прилагоди на корисниците, ние внимателно селектираме и дистрибуираме проверени IoT производи и системи од водечки светски производители.

Со фокус на квалитет, сигурност и долгорочна вредност, на нашите клиенти им обезбедуваме пристап до напредни технолошки решенија кои овозможуваат повисоко ниво на безбедност, подобрена контрола и зголемена енергетска ефикасност.

Нашата визија

Наша визија е да создадеме иднина во која технологијата природно се прилагодува на човечките потреби и овозможува интелигентни, безбедни и одржливи простори.

Нашата Мисија

Да овозможиме секој дом и бизнис да функционираат со интелигентни, поврзани решенија кои носат едноставност, ефикасност и спокој.
Што нé мотивира

ХОМАТИКА гледа напред кон иднината

во која секој простор — од мал семеен дом до комплексен индустриски систем функционира интелигентно, енергетски ефикасно и безбедно.

Нашите вредности
Фокус на Вашите потреби
Сè што правиме започнува и завршува со клиентот.
Едноставност
комплексните технологии ги правиме едноставни за употреба.
Вредност за Вашите пари
секое решение мора да носи вистинска вредност.
Win-Win соработка
успехот на клиентот е и наш успех.
Иднина

Паметна технологија за одржлива иднина

IoT индустријата е во подем, а HOMATIKA има за цел да ја направи технологијата достапна и корисна за сите.

Во наредните години ќе се насочиме кон:

Развој на нови IoT производи и интеграции.

Поширока достапност на технологијата на домашниот пазар.

Стратешки партнерства со градежниот и туристичкиот сектор.

Подигнување на свеста за интелигентно и одржливо живеење.